Sound Healing Retreat во Росе - Звук. Тело. Регулација. Радост.

2/20/2025

21.05-2025 - 26.05.2025

Кога последен пат беше во простор каде што ништо не се форсира, а многу се случува?

Во мене одѕвонува желбата да те повикам токму во таков простор - исполнет со звук кој се чувствува низ целото битие. Затоа што знам колку понекогаш ни е потребно само да бидеме тука, присутни, во мир со себе.

Додека го читаш ова, можеби твојот систем веќе го препознава тоа место како пауза.
Пауза од бучавата, од брзањето, од премногу мисли и премалку присуство.

Зошто токму Бока Которска?

Бока Которска е еден од најубавите приморски заливи на Црна Гора, познат по своите неверојатни пејзажи кои го одземаат здивот. Овој залив, налик на фјорд, е сместен помеѓу величествени планини и кристално чистото Јадранско Море, нудејќи совршена хармонија на природни убавини и културни откритија.

Со својата богата историја и добро зачувани средновековни градови како Котор, Пераст и Херцег Нови, Бока Которска гордо го носи статусот на светско културно наследство на УНЕСКО. Истражи ги кривулестите улички, импресивната архитектура и живописната атмосфера на овој магичен регион.

Пакетот вклучува:

  • 6 ноќевања со појадок во двокреветни соби во хотел Агапе и 5 рани (медитерански) вечери во локални ресторани.

  • 4 утрински работилници: глас, движење, тело, ритам и дишење

  • 2 тематски работилници: звукотерапија, музикотерапија и арт терапија

  • Звук и плутање на вода (во базен)

  • Звучен концерт - 3 часа

  • Водена звучна медитација

  • Звучна купка

  • Посета на Херцег Нови со бротче

  • Вечер на вино и виолончело

  • Организиран превоз од Куманово до Росе (се додава на износот на аранжманот)

  • Доволно слободно време за уживање во прекрасните плажи на Росе

  • Посета на манастирот Острог со ноќевање (последниот ден)

Ценовник:

  • 34,000 денари (550 евра) за целиот аранжман.

  • 28,000 денари (450 евра) за рана резервација до 31.03.2025.

  • Резервација со аванс од 30% од цената (авансот не се враќа, освен во исклучителни случаи, но може да се префрли на друг учесник наместо тебе).

Бројот на места е ограничен!

Групата се затвора со максимум 20 учесници.

Подари си незаборавно искуство и длабока релаксација!

Резервирај го твоето место уште денес!

Прочитај повеќе како изгледаше минатогодишниот ритрит во Росе и искуствата на учесниците.

Што да очекуваш на ритритот?

Секој ден од ритритот е внимателно осмислен со природен баланс помеѓу активностите и слободното време, оставајќи процес за личен процес и уживање во убавините на Бока Которска.

Утрото започнува со нежни практики кои го будат телото и вниманието, а денот продолжува со искуства што нè водат подлабоко во звукот, тишината и природата.

Преку звучни доживувања, инспиративни работилници и моменти на споделување, постепено се создава простор за смирување, поврзување и обновување на енергијата.

Секој учесник ќе добие точна агенда на целиот настан.

Затоа ги отворам вратите на уште еден посебен ритрит во Росе, Црна Гора – место каде тишината има своја боја, а звукот своја мисија.

Не нудам програма. Нудам искуство. Твое лично искуство.

Звучни купки, терапевтска работа со вибрации, природа, тишина и поврзаност.

Ако овој повик одекне во тебе – ќе знаеш.

Дозволи си незаборавно доживување кое ќе ти донесе длабока релаксација и внатрешен мир!

Нашето патување започнува во живописното место Росе – поранешно рибарско место со неверојатна убавина. Тука, ќе уживаш во волшебниот спој на планинските пејзажи, кристално синото море и звуците на гонговите, терапевтските звучни чинии и други инструменти што ја будат душата.

Во елегантниот хотел Агапе, секој детал е внимателно осмислен за да ти овозможи максимален комфор и задоволство.