Терапии за енергетски баланс

Дознај за нашите терапевтски услуги и направи го првиот чекор кон подобра верзија од себе.

Звучната масажа е уникатна холистичка метода по програмата на институтот Peter Hess ®, која дава поддршка на организмот за здравје и исцелување, работејќи истовремено на телото, емоциите и душата. Звучните чинии кои ги користиме како основна алатка во звучната масажа, продуцираат нежни вибрации, суптилни тонови и надтонови кои благопријатно делуваат преку сетилото за слух и кожата, сè до секоја најмала клетка во нашето тело, враќајки ги на нивната природна резонанца.

Главни аспекти на делување на Peter Hess® звучната масажа:

  • Длабоко релаксирање

  • Јакнење на основната доверба на човекот

  • Нежно масирање со звук и хармонизирање на секоја телесна ќелија

  • Oслободување од напнатост и блокади во телото

  • Oлеснува отпуштање и ослободување од негативни обрасци

  • Подобрување на здравјето по пат на хармонизација, регенерирање и ревитализирање

  • Подигање на менталната и телесната свесност

  • Поддршка во користење на сопствените ресурси

  • Позитивно влијаение на самодовербата, креативноста и мотивацијата

  • Обновување на оптимизмот и враќање на животната радост

Типови на звучни масажи: Основна звучна масажа, Фасција, Неврологија, Звучна масажа за трудници и други.

„Звукот ја растопува напнатоста, ја активира моќта на самоисцелувањето и ја ослободува творечката енергија.“ - Peter Hess

Звучната купка е единствен медитативен процес, при кој секој учесник добива изобилие од исцелувачки тонови, надтонови и вибрации, произведени од над десетина древни звучни инструменти. Сместени во лежечка позиција, во својата удобна облека, ушушкани во својата единственост и истовремено поврзани со бесконечноста на постоењето, учесниците ги доживуваат звуците и вибрациите со сите свои сетила, длабоко релаксирајки се.

Придобивки од звучна купка:

  • Длабока релаксација

  • Отпуштање состојби на стрес и напнатост, емоции како страв, тага, бес, лутина...

  • Подобрување на имунитет

  • Балансирање на нервен и хормонален систем

  • Зголемување на фокус и концентрација, умствена бистрина

  • Подобрување на сонот и друго

„Медицината на иднината ќе биде музика и звук.“ - E. Cayce

Звучна купка

Тетахилинг е метода дизајнирана од Vianna Stibal, која ни помага да ги согледаме своите ограничувачки уверувања, трауми и состојби и ни дава можност да ги ослободиме, трансформираме и замениме, доколку сакаме да изградиме поразличен начин на живот и да станеме свесни за својата кретивна моќ.

Во тетахилинг работиме на четири нивоа:

  1. Основно ниво - искуства од нашиот живот

  2. Генетско ниво - линии на предци

  3. Историско ниво - колективна свест

  4. Духовно ниво - сè што сме

Самата сесија се состои од комуникација помеѓу клиентот и терапевтот, каде низ медитативен процес го носиме мозокот во тета бранови 4-8 Hz. Во таа успорена мозочна фреквенција, можеме да пристапиме до информации од потсвеста и нашето ДНК, за да ги откриеме и замениме нашите ограничувачки уверувања.Во тетахилинг работиме на нашите чувства, стравови, манифестации...

Сесиите ги работиме во живо или онлајн, по ваша желба. 

„Храброста не е отсуство на страв, туку проценка дека нешто друго е поважно од стравот.“ - Vianna Stibal

Тетахилинг

Звучна масажа

Ароматерапија

Сите наши терапевтски услуги, се секогаш пропратени со мириси од различни есенцијални масла, прилагодени спрема потребите на клиентите. Ароматерапијата е холистичка терапија која користи природни есенцијални масла за подобрување на физичкото, менталното и емоционалното здравје.

Дали знаевте дека мирисните сензации од чисти терапевтски етерични масла стигаат до нашиот мозок за само 20 секунди и можат да ги избалансираат нашите емоции за само неколку минути?

Преку внимателно избрани ароми, оваа терапија помага во релаксација, намалување на стресот и обновување на енергијата. Ароматерапијата делува на телото и умот, промовирајќи чувство на внатрешен мир и хармонија, додека истовремено поттикнува природни процеси на исцелување.

Трансформативни настани

Работилниците кои ги оддржувам, имаат за цел да им помогнат на учесниците да добијат нови увиди за себе и нова перспектива кон животот. Работејки на одредени теми, секој за себе открива зошто се наоѓа во ситуации или односи кои не му се допаѓаат или зошто има повторувачки циклуси на одредени негативни искуства. Со работа на себе, се подига и нашата свест, се менува менталниот склоп и перспективата на сè околу нас.

На работилниците, во зависност од темата која ја обработуваме, работиме на ослободување од нисковибрантни емоции (страв, бес, лутина, огорченост, осуда, замерување итн). Секоја работилница завршува со Звучна купка, за комплетно доживување на сите процеси низ кои сме поминале на самата работилница.

Времетраењето на една работилница е најчесто 4 часа.

Се работи во мали групи од 6-13 учесници, во пријатна и поддржувачка атмосфера.

Работилници

Ритрити

Ритритите кои ги организирам, имаат своја приказна, цел и тема. Водена од потребата за најприродно исцелување на состојбите кои се присутни во животите на огромен број луѓе, пред сè клиенти со кои работам индивидуални сесии, одлучив да понудам настани кои ќе овозможат целосен ресет на секој учесник.

Живееме во премногу стресно време, со огромна количина на бука, негативни информации, различни типови на зрачења... Како резултат на сето тоа се среќаваме со нарушен сон, анксиозност, депресивни состојби, пореметување на хормоналниот баланс, нервни нарушувања, хроничен замор и многу физички заболувања.

Затоа, концептот на ритритите кои ги одржувам, се склоп од повеке компоненти во едно искуство. Поврзување со недопрената природа, звучна терапија, работилници, социјална конекција и здрава или традиционална храна. И еднодневните и повеќедневните ритрити го имаат истиот концепт.

Тоа што секој ритрит го прави посебен, е темата на која се насочуваме, местото на одржување и секако, составот на групата, којшто секогаш е различен. Секој досега одржан ритрит е посебно искуство на свој начин. Му се радувам на секој нареден ритрит и на секој од Вас, кој ќе ја препознае оваа единствена можност.

Терапиите во холистичкиот центар „Energy Healing“, го трансформираа мојот живот. Услугите коишто се нудат се исклучителни, а Снеже дава огромна поддршка и емпатија во процесот. Многу го препорачувам за секој којшто бара баланс и благосостојба во кои било сфери од животот.

Кристина С. Ш. од Скопје

★★★★★

Терапиите во холистичкиот центар „Energy Healing“ го трансформираа мојот живот. Услугите коишто се нудат се исклучителни, а Снеже дава огромна поддршка и емпатија во процесот. Многу го препорачувам за секој којшто бара баланс и благосостојба во кои било сфери од животот.

Кристина С. Ш. од Скопје

★★★★★

Галерија

Погледни ги овие живописни фотографии, кои го доловуваат уникатното искуство од нашите услуги и атмосферата во центарот.

Контактирај ме

Отвори ново поглавје во твојот живот. Контактирај ме и започни ја трансформацијата.