Политика за приватност

Добредојдовте на веб-сајтот на Energy Healing.

Ве молиме внимателно прочитајте ја Политиката за приватност, пред да го користите нашиот веб-сајт https://energyhealing.mk. Политиката за приватност го уредува начинот на кој веб-сајтот ги собира, користи, чува и открива податоците од посетителите (корисниците) на веб-сајтот. Со пристапување и користење на веб-сајтот се претпоставува дека сте согласни со условите наведени во овој текст.

1. Општи одредби

1.1 Овој веб-сајт е сопственост на ЕНЕРЏИ ХИЛИНГ ДООЕЛ и е достапен за вас под следниве услови:

1.2 Содржините, вклучувајќи текстови, слики, видеа и други материјали, се заштитени со авторски права и не смеат да се користат за комерцијални цели без наша претходна писмена согласност.

1.3 Вие може да ги користите содржините за лична употреба, под услов да не ги менувате, објавувате или дистрибуирате на кој било начин без наша согласност.

2. Користење колачиња

2.1 Општо земено, една веб-страна користи колачиња со цел да ги разликува корисниците. Колаче (cookie) е мала датотека во која се чува информација, а која се складира во вашиот прелистувач односно во меморијата на вашиот уред.

2.2 На нашиот веб-сајт користиме колачиња за „аналитика и маркетинг“, со цел анализа на кориснички податоци за подобрување на услугите, преку алатката Google Analytics. Google Analytics ни помага да разбереме како ја користите нашата веб-страница и ни овозможува да ја оптимизираме нашата содржина и услуги.

2.3 Овие колачиња се користат за веб-аналитика, односно обезбедување статистички извештаи за бројот на посетители, колку често и колку долго трае посетата и разни информации за нивниот начин на однесување и користење на сајтот.

2.4 Бараме ваша согласност само за поставување на колачињата кои спаѓаат во групата на аналитика и маркетинг. Согласноста за овие колачиња ја бараме пред да ги поставиме на вашиот уред. Согласноста за поставување на колачињата за маркетинг и аналитика се дава со кликнување на соодветното копче на дијалогот за согласност за колачиња.

2.5 Доколку, откако сте дале согласност, сакате да ја повлечете согласноста, ќе треба да ги избришете или оневозможите колачињата преку поставките на вашиот прелистувач. Имајте во предвид дека доколку избришете или оневозможите и системски/функционални колачиња не ќе можете во целост да ги користите сите функции на сајтот.

3. Услуги и онлајн закажување

3.1 Energy Healing нуди различни холистички услуги кои се опишани на нашата страница „Услуги“. Информациите за услугите се составени со внимателност, но може да подлежат на промени.

3.2 Преку нашиот веб-сајт можете онлајн да резервирате термин за користење на нашите услуги. Закажувањето е бесплатно и не бара внесување на платежна картичка; плаќањето се врши при вашата посета на нашиот центар.

3.3 За да резервирате термин, потребно е да ги внесете вашите лични податоци, како име, презиме, е-пошта и телефонски број.

3.4 Резервациите направени преку веб-сајтот не бараат онлајн плаќање. Плаќањето се врши лично, при посетата на нашиот центар.

3.5 Задржуваме право да го откажеме или измениме терминот доколку се појави потреба, за што ќе бидете известени навремено.

4. Кои информации ги собираме?

Кога ги користите нашите контакт форми, мејлинг листа и резервациски форми на веб-страницата, може да собереме:

  • Име и презиме

  • Електронска пошта

  • Телефонски број

  • Датум и време на резервација (при резервација на термин)

  • Друга лична информација која доброволно ја споделувате при пополнување на формите

5. Како ги користиме вашите податоци?

Вашите лични податоци ги користиме за следниве цели:

  • Одговор на вашите прашања и барања преку контакт формата

  • Организација и потврда на вашите резервации за услуги

  • Испраќање на известувања и промотивни информации (доколку се согласите да се зачлените на нашата мејлинг листа, односно њузлетер)

6. Заштита на вашите податоци

Вашите податоци ги чуваме безбедно и ги заштитуваме од неовластен пристап, измена или злоупотреба. Користиме современи безбедносни мерки за заштита на податоците, како SSL енкрипција.

7. Споделување на податоци со трети страни

Вашите лични податоци нема да ги споделуваме со трети страни, освен ако тоа е потребно за да се исполни барањето на вашата резервација или по законска обврска.

8. Ваши права

Имате право да пристапите, измените или избришете било која информација што ја чуваме за вас. Може да поднесете барање за овие промени на energyheal.theta[at]gmail.com.

Исто така, можете да се одјавите од примање на промотивни пораки во секое време.

9. Промени на Политиката за приватност

Го задржуваме правото да направиме промени на оваа Политика во секое време. Сите измени ќе бидат објавени на оваа страница. Се препорачува корисниците често да ја проверуваат оваа страница за да бидат во тек со измените во начинот кој овозможуваме заштита на личните и другите видови податоци кои ги прибираме. Корисниците се согласуваат дека е нивна одговорност периодично да ја проверуваат Политиката за приватност на Energy Healing и да ги воочат и разберат евентуалните промени.