За мене

За мене

Мојата девиза е дека животот константно нѐ подготвува за она што треба да му го дадеме на светот, низ искуства, ситуации и состојби.

И како што случајности не постојат, во еден момент во мојот живот се појави Тетахилингот, а потоа и звучната терапија.

Водена од личните позитивни резултати низ овие техники, одлучив да ги проучам, а потоа и да ги доближам до сите кои ќе имаат потреба да го трансформираат својот живот.

По многу години поминати во корпоративниот свет, сфатив дека мојот животен пат треба да се движи во нова насока.

Холистичкиот пристап кон целосна добросостојба на луѓето, е принцип кој резонира со мојата животна филозофија. Тој се покажа како многу делотворен, во моето досегашно искуство во работата со клиентите.

Среќните лица на моите клиенти, се инспирација за понатамошно усовршување и следење на мојата мисија.

Мојата девиза е дека животот константно нѐ подготвува за она што треба да му го дадеме на светот, низ искуства, ситуации и состојби.

И како што случајности не постојат, во еден момент во мојот живот се појави Тетахилингот, а потоа и звучната терапија.

Водена од личните позитивни
резултати низ овие техники, одлучив
да ги проучам, а потоа и да ги доближам до сите кои ќе имаат потреба да го трансформираат својот живот.

По многу години поминати во корпоративниот свет, сфатив дека
мојот животен пат треба да се
движи во нова насока.

Холистичкиот пристап кон целосна добросостојба на луѓето, е принцип
кој резонира со мојата животна филозофија. Тој се покажа како многу делотворен, во моето досегашно искуство во работата со клиентите.

Среќните лица на моите клиенти, се инспирација за понатамошно усовршување и следење на мојата мисија.

Мојата мисија

Сакам секој ден да внесам радост во нечиј живот и да ја видам блажената насмевка којашто следува после завршувањето на сеансите.

Мојата визија

Да ги спојам природните методи со недопренета природа, кои ќе служат за добросостојбата и природното исцелување на многу луѓе.

Запознај го основачот

Холистичкиот центар Energy Healing го основав со јасна цел – да им помогнам на луѓето да ја пронајдат својата вистинска сила и хармонија преку холистички пристапи, кон здравјето и добросостојбата.

Со оваа визија, создадов простор каде што секој може да се почувствува сигурно и поддржано на својот пат кон самоисцелување.

Комбинацијата од моето лично животно искуство, мојот раст и развој и користењето на звучните методи и тетахилингот во пракса, ми овозможи да создадам сопствен пристап, кој се прилагодува на индивидуалните потреби на секој клиент. Овој пристап овозможува подобрување на севкупната добросостојба на секој којшто ќе се одлучи за користење на холистички методи, за подобрување на својот живот.

Снежана Станојкова
Основач/Холистичар

Едукации

Јас сум сертифициран практичар за Peter Hess звучна масажа: звучна масажа – фасција, звучна масажа – неврологија и сум и гонг практичар. Едукациите од областа на звучната терапија ги изучував од моите учители Силвана Лесковар, Мирјана Максимовиќ (од Peter Hess akademija Adria grupa) и Angelika Rieckmann од Peter Hess институтот.

Тетахилинг едукациите ги завршив според методот на Vianna Stibal и се здобив со сертификати за следните курсеви: Basic DNА, Advanced DNA, Dig Deeper, You and the Creator. Сите курсеви и сертификати ги завршив кај Дијана Будимир.