Вовед во звукотерапија: едноставни техники за домашна примена на звукот, за тебе и твоето семејство

Откриј како терапевтската звучна чинија може да ти помогне дома – намали стрес, подобри сон и ослободи напнатост преку едноставни техники од звукотерапијата.

ЕДУКАЦИИ

8/25/20251 мин читање

Мојата еднодневна едукација „Вовед во Звукотерапија“ е создадена за сите оние кои сакаат да откријат како терапевтската звучна чинија може да стане нивен личен алат за смирување, балансирање и исцелување. Начинот на користење на терапевтската звучна чинија, правилниот начин на озвучување, како и начинот на поставување на телото, можат да ви помогнат да си олесните и подобрите многу животни ситуации и здравствени состојби.

Во текот на програмата ќе научите:

  • Правилен начин на користење и озвучување со терапевтска звучна чинија.

  • Како да ја поставите чинијата на телото за максимално делување.

  • Практични техники за намалување на стрес, напнатост и болки.

  • Методи за подобрување на сонот и внесување на повеќе мир во секојдневието.

Она што ја прави оваа едукација посебна е тоа што не се потребни претходни знаења – секој може да се приклучи. Дополнително, по првиот ден (10 часови интензивна работа), ќе следуваат уште 2 часа поддршка и повторување на праксата после 15–30 дена, за да бидете сигурни дека сте ја совладале техниката и правилно ја применувате дома.

Особено препорачливо за сите кои работат со луѓе – психолози, дефектолози, логопеди, медицински лица, едукатори и терапевти – звукотерапијата може да стане вредно дополнување во вашата професионална пракса.

Датум: 04.10.2025
Време: 10:00 – 18:00 (со паузи)
Место: Куманово, Моша Пијаде 93
Котизација: 6000 ден.

Придружи ми се и откриј како звукот може да стане твој сојузник за подобро здравје, повеќе мир и подлабоко поврзување со себе и со другите.

Дали некогаш сте посакале да ја почувствувате моќта на звукот не само како слушател, туку и како активен корисник? Замислете да имате алатка што секогаш ви е при рака, со која можете да се смирите, да добиете јасност или да внесете повеќе радост во вашиот ден.