7-дневно трансформациско патување во срцето на древната енергија – Пирамидите во Високо, БиХ

Кристина Симоновска Шумадиева

8/15/20251 мин читање

20.09.2025 - 27.09-2025

Дозволи си патување што ќе го паметиш за цел живот - уникатна тематска екскурзија која е насочена кон подобрување и унапредување на целокупната здравствена, енергетска, ментална и емоционална состојба.

Овој септември те покануваме на едно уникатно доживување – 7-дневно патување кај пирамидите во Високо, Босна и Херцеговина. Место каде што историјата, мистеријата на древните цивилизации и силата на природните енергии се испреплетуваат во единствено искуство, создавајќи простор за длабоко исцелување и внатрешна трансформација.

Во градот Високо се наоѓа т.н. Босанска Долина на пирамидите – комплекс од древни пирамидални ридови за кои многу посетители сведочат дека зрачат со посебна енергија и нудат духовно и физичко обновување. Од нивното откритие во 2005 година па досега, овие „пирамиди“ привлекуваат истражувачи, љубопитници и духовни трагачи од целиот свет. Дури и познати спортисти како Новак Ѓоковиќ редовно ги посетуваат тунелите под пирамидите за „полнење“ со енергија, при што Ѓоковиќ ја нарече Високата пирамида на Сонцето „едно од најмоќните енергетски места на планетата“ кое го исполнува со сила за нови предизвици.

А сега ти имаш шанса да го доживееш тоа лично.

Програма на патувањето

Во текот на овие 7 дена (6 ноќи), ќе се препуштиме на комбинација од звукотерапија, енергетска работа, неверојатна природа и моќни придобивки од негативните јони и фреквенции околу пирамидите и тунелите.

Аранжманот вклучува:
  • Секојдневен 1-часовен престој во тунелите Равне

  • 6 терапевтски звучни купки со гонгови

  • Посета на пирамидите на Сонце, Месечина, Љубов и тумулусот Вратница

  • Работилници за личен раст (звучни, вербални и невербални техники)

  • Посета на паркот со лековити билки „Ѕвездена ноќ“

  • Посета на енергетскиот парк Равне 2

  • Изненадување во 2025-та: Еднодневно ископување кристали – пронајдете го својот личен кристал ✨

  • Традиционална босанска храна - полупансион (со вегетаријанска/веганска опција)


Сместувањето е во приватна куќа во близина на тунелите.

Датум: 20.09.2025 - 27.09-2025
Цена: 400 € (24.500 денари)
Рана резервација до 21.08: 330 € (20.500 денари) со аванс од 30%

Цената на превозот до Високо се организира во зависност од големината на групата и ќе биде договорена и наплатена дополнително.

На ова посебно патување Ве водат: Снежана Станојкова, Милица Вујовиќ и Ивелина Балакова.

Во продолжение, прочитајте нешто повеќе за Високо.

Во светот, пирамидите често се нарекуваат „енергетски машини“ – структури создадени да ја собираат и чуваат енергијата на Земјата, претворајќи ја во скалаларни бранови што можат да ја поддржат и подобрат здравствената, емоционалната и менталната состојба на луѓето. Посетата на овој локалитет не е само патување, туку и процес на регенерација и длабока внатрешна трансформација.

Долината на пирамидите

Во Високо се наоѓа прочуената Босанска Долина на пирамидите – комплекс од 5 пирамидални структури:

Пирамида на Сонцето (220 м) – повисока и од Големата пирамида во Гиза; зрачи со електромагнетна енергија и Шуманова резонанца (7,83 Hz) - фреквенција позната како најповолна за човечкото физичко, ментално и духовно здравје. Посетителите често опишуваат чувство на лесна вибрација или „енергетски бранови’’ додека стојат на ова место, како и необичен мир и јасност на мислите.

Пирамида на Месечината (190 м) – поврзана со соѕвездијата и позната по својата мирна, интроспективна енергија. Многу посетители сведочат дека на ова место чувствуваат длабок внатрешен мир, како месечева светлина што смирува.

Пирамида на Љубовта (120 м) – наречена „пирамида на срцето“, инспирира чувство на љубов и простување. Ониe кои имале среќа да поминат време на ова место ја опишуваат атмосферата како света и инспиративна – велат дека поттикнува отварање на срцето, простување и љубов кон себе и другите.

Пирамида на Змејот (90 м) – дел од совршен геометриски триаголник со пирамидите на Сонцето и Месечината, симбол на заземјеност и виталност.

Храм на Мајката Земја – возвишение со рамно плато, идеално за медитација и саморефлексија, место кое овозможува да се „вкорените“ духовно.

Тајните на тунелите Равне – подземна бања на енергија

Под пирамидите се протега мистериозен лавиринт на тунели, долги километри. Овој подземен свет е можеби уште поголема мистерија од самите пирамиди – и воедно клучот кон лековитата слава на Високо. Во нив владее микроклима со постојана температура (~12°C), отсуство на радијација и неверојатно висока концентрација на негативни јони. Негативните јони се молекули на воздухот наелектризирани со вишок електрони, познати по тоа што ги чистат воздухот од прашина и бактерии и имаат поволно дејство врз здравјето (го подобруваат дишењето, расположението, имунитетот). За споредба, концентрацијата на негативни јони на планина или покрај водопад изнесува неколку илјади јони на кубен сантиметар, додека во загаден градски воздух може да падне под 100 јони/см³. Во тунелите Равне овие вредности се измерени во десетици илјади, па дури и стотици илјади јони по кубен сантиметар!

Овие услови ги прават тунелите вистинска природна бања на енергија, каде телото се прочистува, умот се смирува и духот се регенерира.

Твоето енергетско будење во Високо

Ова не е само екскурзија. Ова е повик за тебе – да ја почувствуваш моќта на Земјата, да се ослободиш од стари обрасци и да се поврзеш со најчистите извори на енергија.

Не ја пропуштај шансата која може да то го промени животот.

Бројот на места е ограничен.